Денеска продолжи
судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Сведочеа
припадници на интервентната полиција при СВР Скопје.
Според првиот
сведок на 3-ти декември 2023 година го земале осомничениот Велибор Манев од
полициската станица Кисела Вода и требало да го однесат до Велес и таму им
покажал каде е закопан убиениот Жежовски.
-На 3 ти декември
тргнавме кон Велес. Во моето возило беше Велибор Манев. Прво се возевме, а
потоа одевме пеш по земјен пат. Велибор на колегите од СВР Велес им посочи:
,,Тука е местото, тука има закопано човек”. Местото беше покриено со гранки. По
15-тина минути го вративме Велибор во полициската станица, рече полицаецот, кој
појасни дека нивна задача бил спроводот на Манев од Скопје до местото Кула и
назад.
Неговиот колега
вели дека патот каде да се движат им го покажувал осомничениот Манев.
-Тој ни ги
покажуваше насоките на движење, односно како да стигнеме до местото. Кога
заврши патот, продолживме по земјен пат пешки, сведочеше полицаецот.
Тој дополни дека
додека колегите од СВР Велес копале, Манев стоел до нив, но не зборувал. Ниту
на враќање до Скопје не правеле муабет.