Застрашувачка снимка од свлечиштето во рудник во Турција- за момент затрупа десетина рудари

13. 02. 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Застрашувачка снимка од свлечиштето во рудник во Турција- за момент затрупа десетина рудари

Според информациите, во рударскиот капацитет за ископ на злато „Анаголд мининг“ во источна Турција денеска се случил масовно лизгање на земјиштето, а турскиот министер за внатрешни работи изјавил дека 400 лица биле испратени во потрага по исчезнатите рудари.

Компанијата која стопанисува со рудникот во соопштението вели дека „во моментов најважно во ова тешко време е здравјето и безбедноста на вработените и изведувачите“.

Турската влада веднаш покренала истрага за инцидентот и се очекува наскоро да ги соопшти првите детали.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата