Тајмаут
Изгледа како играчка: Георгина го покажа часовникот кој и го подари Роналдо, цената е „ситница“

Георгина Родригез го покажа часовникот кој долгогодишниот партнер Кристијано Роналдо и го подари за нејзиниот 30-ти роденден кој неодамна го прослави. Таа на социјалните мрежи им се заблагодари на пријателите и семејството за подароците, а особено на Роналдо.
„Ти благодарам љубов моја“, напиша Родригез на Инстаграм со слика на часовник обложен со дијаманти. Подарокот на Роналдо и часовникот на Георгина беа тема и на емисијата „Aruser@s“ на La Sexta, каде водителот Алфонсо Арус се пошегува дека изгледа како „типична играчка“.
Инаку, се работи за модел на часовник од „Jacob&Co“, златарница со седиште во Њујорк, популарна меѓу раперите и американските спортски ѕвезди, а овој подарок го чинеше Роналдо околу 100.000 долари.