ЌЕ ИМА ПОРОЕН ДОЖД: Во следните денови очекувајте променливо и посвежо време

Објавено во: Македонија 27 Април, 2025 08:31
Во Македонија се очекува пороен дожд, а можна е појава и на град.
До крајот на денот, нестабилното време ќе продолжи со променлива облачност, пороен дожд и грмежи на повеќе места во државата, а ќе дува и засилен ветер. Според прогнозите на УХМР, и утре времето ќе биде слично – променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи.
На одредени места се очекуваат и поинтензивни процеси во форма на невреме, со обилен дожд, силен ветер и можност за изолирана појава на град. Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 4 и 10 степени, а максималните дневни ќе бидат од 15 до 23 степени.
Во Скопје, попладнето ќе донесе нестабилност со локални поројни врнежи и грмежи, проследени со засилен ветер и услови за појава на град. Температурите во главниот град ќе се движат од 9 до 23 степени.
Од УХМР најавуваат дека променливото и посвежо време ќе продолжи и во следните денови, со
повремен локален дожд. Од вторник се очекува стабилизирање на временските услови,
претежно сончево време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен
пораст.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
НЕМА ВОДА: Нема да има хоспитализација на деца во болницата во Козле

„Арсовска отиде пред неговата куќа и го истепа“: Еве како Меџити гледа на работите

Ароганцијата убива по втор пат: Апасиев за односот на Мицкоски кон родителите на загинатите од Кочани

Скопскиот булевар „Илинден“ блокиран од незадоволни комунални работници

Полициска престрелка во близина на Битола: Му пукале во нога и го уапсиле

„Ќе го паметиме по неговата човечност, чесност и верба во подобро општество“: Почина основачот на ПОДЕМ, Тоше Тулиев

„Одредете си цена за вашите деца“: Родителите на загинатите во Кочани тврдат дека Мицкоски им барал да кажат цена за починатите

КРИТИКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕТО ПОЖАРНИКАРИ: „Вие вака ги внесувате луѓето директно во оган, необучени и понижувачки платени“
