70 отсто од земјоделските производи се од увоз

Јадеме увезена и поскапа храна,нивите се се попразни,земјоделци се помалку.Македонија станува исклучително зависна од увезена храна или за 10 години увозот се зголемил на фрапантни 88 проценти.

Ако во 90-тите сме имале 660.000 хектари обработливо земјиште сега тоа е помалку од 500.000. Експертите велат причините се многубројни. Од тоа дека нема интерес кај младите за работа на нива, ислеувањето и миграциите од село во град, немањето државна стратегија и образование за земјоделците како и климатските промени си го прават своето. 

Друг сериозен удар за гранката е и проблемот со наводнувањето од кое најмногу погодени се централниот и источниот регион во земјава. Според статистичките податоци годишно како држава трошиме стотици милиони евра за увоз на странски земјоделски производи. Учеството на аградот во бруто домашниот прпизвод се намалува, а сумата за субвенции се зголемува, годинава на фантастични 102 милиони евра.