Продолжува периодот на стабилно и суво време со МНОГУ ПОВЕЌЕ сончеви периоди.
Во ноќните, утринските и претпладневните часови по котлините и речните долини ќе има појава на магла и на ЗНАЧИТЕЛНА НИСКА облачност, која понекаде низ котлините ќе остане и во поголем дел од денот, со што и температурите ќе останат пониски.
Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени.
Постепен пораст на температурите се очекува од четврток па натаму и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ.
И според последно направените анализи, снежна идила и вистинска зима не треба да очекуваме и за време на Новогодишната ноќ!
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!