Фудбал квалификации

Македонија може да жали, Белгија минимално води на паузата во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија има минимална негатива против Белгијците на полувремето (0-1) во третото коло од квалификациите за Светското првенство. Остана жал за нереализираните наши шанси, бидејќи во иста акција Македонија погоди две стативи и веднаш потоа стигна казната во видот на водечки гол за Белгијците.

Македонија може да жали, Белгија минимално води на паузата во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија има минимална негатива против Белгијците на полувремето (0-1) во третото коло од квалификациите за Светското првенство. Остана жал за нереализираните наши шанси, бидејќи во иста акција Македонија погоди две стативи и веднаш потоа стигна казната во видот на водечки гол за Белгијците.

Селекторот Милевски од првата минута се реши за Димитриевски меѓу стативите, Зајков, Муслиу и Стојчевски во дефанзивата, а Алиоски и Илиевски по бочните позиции. На средината од теренот се позицинонираа Костадинов и Атанасов, пред нив Барди, а друштво во шпицот на Миовски му правеше Елмас. Првата закана по македонскиот гол дојде од транзиција, па иако акцијата се смири Салемакерс го испрати првиот непрецизен удар. Ние се обидовме по одземена топка на Миовски, следуваше добар продор на Елмас, ама завршниот пас беше непрецизен. Имаа Белгијците нов обид, овојпат преку Лукаку, но истиот беше блокиран од Зајков пред да стигне до голот. По корнер момците на Руди Гарсија имаа уште една можност и ја погодија рамката од голот по ударот со глава на Раскин.

Македонија имаше проблем да се ослободи од притисокот, ама играше цврсто во дефанзивата и во првиот дел од првото полувреме добро ги одбиваше налетите на фаворитот. Перфектна парада направи Столе Димитриевски, ефектно спасувајќи го ударот од далечина на Салемакерс. Имавме голема закана по корнер и пресечена топка на Енис Барди кој со послабата лева нога изнуди интервенција од голманот Селс во 24. минута. Само три подоцна двапати се тресеа двете стативи од голот на Белгијците. Ељиф Елмас доби топка на околу 25 метри, се намести и биеше во подалечниот агол погодувајќи во рамката. Одбиената топка заврши кај Езѓан Алиоски кој беше сам пред гостинскиот гол, ама откосо погоди во поблиската статива.

Казната за промашувањата дојде практивчно во следната акција на Белгија, бидејќи Максим Де Кујпер стрела за 0-1 во 28. Минута. Акцијата се одвиваше низ средината на нашето поле, Салемакерс испрати топка низ одбраната до Лукаку, а овој одлично се снајде и потоа биеше катастрофално па Илиевски изблокира. За наша несреќа од втор обид топката стигна до Де Кујпер кој погоди за предност.

До крајот на полувремето Македонија се консолидира, меѓутоа не успеа да креира вистински шанси за да се врати во натпреварот.

To top