Ал-Хилал е заинтересиран за Санчо
- Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо може да ја продолжи кариерата во друг клуб, пишува „Фут Меркато“.

Манчестер, 9 јуни 2025 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо може да ја продолжи кариерата во друг клуб, пишува „Фут Меркато“.
Ал-Хилал е заинтересиран за 25-годишниот Англичанец. Исто така, беше објавено дека за играчот се заинтересирани Астон Вила и Галатасарај.
Челзи го ангажираше Санчо на позајмица од Манчестер јунајтед во летото 2024. Тој има одиграно 41 натпревар за тимот, постигна 5 голови и 10 асистенции.
„Трансфермаркт“ неговата пазарна вредност ја проценува на 28 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА