Македонија министерство за дигитална трансформација

Андоновски: Ги повикувам сите пратеници да ја поддржат дигиталната трансформација на Македонија

Овие Закони се во согласност со директивите и регулативите на Европската Унија и истите отклучуваат скоро 20 милиони евра од Планот за раст, рече Андоновски.

Андоновски: Ги повикувам сите пратеници да ја поддржат дигиталната трансформација на Македонија

Работен состанок со членовите на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, објави Стефан Андоновски.

Дискутиравме за новите 4 закони кои се влезени во собраниска процедура, а истите се дел од реформската агенда и нивно примарно значење е олеснување на процесот за дигиталната трансформација на Македонија, потенцира министерот за дигитална трансформација, Андоновски.

-Закон за електронска архива
-Закон за сајбер безбедност
-Закон за електронски комуникации
-Закон за електронски документи и електронска идентификација

– Овие Закони се во согласност со директивите и регулативите на Европската Унија и истите отклучуваат скоро 20 милиони евра од Планот за раст. Ги повикувам сите пратеници да ја поддржат дигиталната трансформација на Македонија, додаде Андоновски.

Најнови вести од Македонија

To top