• Иван Димовски
Фудбалерите на Виљареал се радуваа на гостувањето кај Барселона на „Монжуик“ со 2-3 и го затворија кругот од пет патници во Лигата на шампионите преку Примера. „Жолтата подморница“ слави во меч со пет гола во Каталонија и се осигура на петтото место во пресрет на последната рунда. Виљареал поведе преку Перез, а потоа Јамал и Лопез режираа пресврт. Сепак, во вториот дел Комесана и Бјукенен погодуваа за конечните 2-3.
- Барселона - Виљареал 2-3:
И покрај поразот на Бетис во Мадрид кај Атлетико од 4-1, „зелено-белите“ ќе играат во Лигата на Европа. Алварез и Ле Норман донесоа двојна предност за „јорганџиите“ пред Форналс да намали на 2-1. Во финишот Алварез погоди вторпат, а точка на победата стави Кореа.
Реал Мадрид во завршницата ја „скрши“ Севиља (0-2) која играше се деветмина по црвените картони за Лоик Баде и Исак Ромеро. Со головите на Килиан Мбапе и Џуд Белингем во 75. односно 87. минута „кралевите“ стигнаа до трите бода.
Во трката за Европа клучна победа забележа осмопласираниот Рајо кај Селта (1-2) и пријде на бод зад тимот од Виго, а триумф запиша и Осасуна над Еспањол (1-0). Во последното коло Селта ќе влезе со 52 бода, додека Рајо и Осасуна имаат по 51, а Мајорка остана без шанси.
По ова коло Леганес го испрати директниот конкурент Лас Палмас во Сегунда со победа од 0-1, а сам себе се одржа во живот и со надеж во пресрет на последното коло. Еспањол кој исто така загуби во завршната рунда игра токму со Лас Палмас и е во пол-позиција да ја одбрани предноста од два бода над опасната зона.
На останатите терени во Примера екипата на Хетафе слави кај Мајорка (1-2), Реал Сосиедад беше подобар од Џирона (3-2), Атлетик Билбао слави на „Местаља“ кај Валенсија (0-1) и Алавес триумфира во Ваљадолид (0-1).