Лига на шампиони
Капело предвидува: Полуфиналето меѓу Интер и Барса ќе се решава на еден дел од теренот

Фабио Капело ја напиша својата стандардна колумна за „Газета дело Спорт“ по комплетираната четвртфинална рунда во Лигата на шампиони, а со оглед на тоа што Интер е единствен италијански претставник и во наредната полуфинална фаза, повеќе од очекувано е тоа што легендарниот стручњак посебно се задржа на тимот кој го води Симоне Инѕаги.
Капело цела сезоан не штеди комплименти за Интер и постојано го апострофира извонредениот среден бек со кој располага Инѕаги, па дури и во услови кога италијанскиот првак ќе игра со технички поткован тим како оној на Барселона, Фабио им дава блага предност на „нераѕурите“.
– Тимот на Интер кој ја освои триплетата успеа да го сопре Меси, па не гледам зошто овој тим на Интер не би го сопрел Јамал. Јасно е дека Инѕаги нема да им даде многу простор на Јамал и Рафиња. Барселона има огромен квалитет на отворен терен, а истовремено Левандовски е убиец во шеснаесетникот. Сепак, играчите на Интер се специјалисти за затворање простор и одржување на баланс на секој дел од теренот.
– Севкупно гледано, главниот предизвик ќе биде средниот ред, двомечот ќе се решава на тој дел од теренот. Класата на Педри и Де Јонг против динамиката на Барела, Чалханоглу и Мхитаријан.
– Двајцата играчи на Барселона се премногу добри во трансформирање на акциите од одбрана во напад, но ако треба да бирам, ќе ги изберам играчите за врска на Интер. Малку тимови во Европа можат да се носат со така добро организиран среден ред, – заклучува Капело.
-
Англија17 часа
Јунајтед и Лидс разочараа, Куња дебитираше со добри потези во тимот на Аморим (Видео)
-
Шпанија23 часа
Реал Мадрид го продолжи договорот со еден од столбовите на тимот
-
Шпанија20 часа
Мбапе го прекинал летниот одмор за да испочитува тивкиот херој на Реал (Фото)
-
Шпанија20 часа
Крос: Најдобро е да донесете одлука како мојата
-
Свет24 часа
Италијанскиот селектор Поцеко повлече потег со кој ги импресионираше кошаркарските фанови
-
Англија22 часа
Мерсон шокиран од последниот потег на Арсенал: Тој е последниот играч на Челси кој им требаше
-
Македонија14 часа
Тиквеш ја надигра Анталијаспор, Пелистер „без муниција“ против Трајал Крушевац
-
Англија12 часа
Аморим со оценка за дебито на Куња и Леон: Тоа е она што ни треба…