Додик денес изјави дека „не се чувствува загрозен по информациите за подготовката на атентат врз него и дека имињата и мотивите на оние што го планирале треба брзо, јавно и јасно да се објават“.
„Не се чувствувам загрозен, но сум многу безбеден додека ме чува полицијата на Република Српска и Србија. Немам страв, но индикативно е дека некои луѓе се подготвени да издвојат пари за такви работи. Ќе видиме како ќе заврши сè. Секој од РС што би помислил да се обиде да направи нешто слично на политичар од Федерацијата на Босна и Херцеговина, би бил казнет со најстрога казна“, кажа Додик на прес-конференција во Бања Лука.
Тој кажа дека „познат е идентитетот на лицето кое собрало одредени луѓе во Коњиц, обезбедило еден милион евра и ангажирало стрелци од Нови Пазар и муслимани од БиХ кои, како што изјави, се лица со криминално минато“.
„Планот бил атентатот врз мене да е изврши некаде на територијата на Србија. Во меѓувреме, едно лице од Нови Пазар завршило во притвор, додека другото е во затвор во Риека. Ме интересира мотивот за моето убиство. Не можам да верувам дека влегуваме во ваква сфера, но не сакам да го драматизирам“, додаде Додик, а пренесува агенцијата Срна.
Тој истакна дека безбедносните служби ќе ги објават сите информации.