„Најубавата жена на светот“ задржана на аеродром: не верувале дека е навистина таа на фотографијата од пасошот

Бразилската манекенка Џанаина Празерес беше прогласена за совршена жена од норвешкиот „Плејбој“ поради нејзините пропорции на телото, а сега ги полни медиумските колумни поради инцидент што ѝ се случи на граница.

 

 35-годишната манекенка и инфлуенсерка досега потрошила над 900.000 евра на својот изглед и имала повеќе од 20 пластични операции, а се пожалила дека ја запреле на аеродромот во Сао Пауло и побарале да го потврди идентитетот. Имено, тие не верувале дека навистина е таа на фотографијата од пасошот.

 

„Отсекогаш знаев дека ова може да се случи бидејќи мојот изглед многу се промени во последните години. Но во тој момент тоа беше шок за мене. Не очекуваш да те спречат ако не си направил ништо лошо“, рекла таа.

 

„Службениците ми поставија неколку прашања, па дури и ја споредија мојата фотографија од пасошот со други фотографии пред да ми дозволат да влезам во земјата“, објасни таа и додаде дека одлучила да го обнови пасошот за да не се повтори непријатното искуство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.