• понеделник, 30 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дејвис куп: Ивановски обезбеди триумф на Македонија над Ерменија

Дејвис куп: Ивановски обезбеди триумф на Македонија над Ерменија

 

Скопје, 13 јуни 2025 (МИА) – Македонската Дејвис куп репрезентација поведе со 2-0 во дуелот против Ерменија од 4. коло од Третата Европска група од Дејвис купот и со тоа македонските тенисери ја забележаа третата победа.

Вториот поен за Македонија во вториот сингл дуел на централниот терен на ТК Југ во Скопје го донесе Калин Ивановски откако лесно го совлада Ерменецот Микаел Аветисјан со 2-0 во сетови.

Ивановски му препушти на противникот само два гема (6-2, 6-0) во дуелот што траеше еден час.

Во мечот во двојки капитенот на македонскиот тим Горан Шевченко ги одреди Ивановски и Мицов, против ерменскиот дубл Самвел Агајан и Аветик Газарјан. ег

ФОТО: МТФ

Остани поврзан