Пензионер со голи раце се одбрани од ајкула: Ѝ се нафрлив кон очите (ФОТО)

14. 01. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пензионер со голи раце се одбрани од ајкула: Ѝ се нафрлив кон очите (ФОТО)

Тој се обидел да му помогне на несреќниот човек, неговиот сонародник Џанлука ди Џоја (48) и се нашол нападнат од морскиот ѕвер. Сега за прв пат отворено проговорил како се спасил од смртоносните вилици.

За потсетување, трагичниот инцидент се случил на 29 декември 2024 година, кога тигреста ајкула го нападнала дипломатот Џанлука ди Џоја, кој работел во Европската служба за надворешни работи.

Џузепе Фапани сфатил што се случува кога неговата сопруга почнала да вреска.

„Бев најблиску до него и отидов. Дојдов на пет метри, а потоа се случи фаталниот напад“, изјави храбриот Италијанец.

Тогаш чудовиштето се фокусирало на него, а тој се сетил на советот на водичот „да ги нападне очите“, пишува The Sun.

„Нанишав и успеав трипати насилно да го вкопам средниот прст во големото око на ајкулата. Сепак, таа не побегна. „Таа ми нападна четири пати.“

Припадниците на локалниот нуркачки центар стигнале до него со гумен чамец и се обиделе да го земат.

„Ајкулата ме фати за десната нога. Не пушташе, сакаше да ме убие“.

Спасувачите постојано го удирале морскиот ѕвер со стап, па тој на крајот исчезнал во длабочините. Фапани се здобил со повреди на ногата и раката и бил пренесен во болница.

Таму лекарите му ги сошиле раните, а по некое време пензионираниот стоматолог се вратил во родниот град Сончино, во северна Италија.

„Одморот ми беше трагично скратен, но преживеав. Многу ми е жал за Џанлука ди Џоја, кој денеска не е со нас“, заклучил тој.

Несреќниот дипломат по нападот бил извлечен на брегот, каде што починал од тешките повреди.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата