Франција осалбена на мегдан со Германија

Селекторот на Франција, Дидие Дешан нема да смета на фудбалерите на ПСЖ, Усман Дембеле и Бредли Баркола за натпреварот против Германија за третото место во Лигата на Нации поради повреда.

Дебемеле заработи повреда на левата нога, додека Баркола го мачи десното колено па и двајцата веќе го напуштија кампот на репрезентацијата, а селекторот се одлучи да не бара нивни замени.

Франција и Германија ќе си ги одмерат силите во недела со почеток од 15 часот во Штутгарт.

Се вчитува...