Ракометарите на Македонија забележаа круцијална победа, ја совладаа Литванија во клучниот натпревар од квалификациите со 26-17 (13-11) и се пласираа на осмо Европско првенство во низа! Нашата репрезентација го оправда фаворитскиот статус, одигра фуриозно второ полувреме и го декласира ривалот покажувајќи сила кога е најпотребно. Овој шампионат ќе биде петнаесетти голем настан по ред за нашата земја, а во уште еден ладен јануари, нашите срца ќе пулсираат во ритамот на ракомето.