ПРВ.мк

Путин нема да присуствува на погребот на папата Франциско

Путин нема да присуствува на погребот на папата Франциско
Jumbo Banner

Путин нема да присуствува на погребот на папата Франциско – Кремљ сè уште не одлучил кој ќе ја претставува Русија

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот на папата Франциско, објави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Претседателот нема такви планови“, изјави Песков пред новинарите. Тој додаде дека сè уште не е донесена конечна одлука за тоа кој официјално ќе ја претставува Русија на испраќањето во Ватикан.

Путин последен пат се сретна со папата Франциско во јули 2019 година, за време на својата посета на Ватикан.

Во меѓувреме, Ватикан објави дека телото на папата ќе биде пренесено во базиликата „Свети Петар“ во среда во 9 часот наутро. Моментално, ковчегот со неговото тело се наоѓа во капелата на Домот Света Марта – местото каде што живееше за време на неговото 12-годишно понтификатско служење.

Погребната церемонија ќе се одржи во сабота, на 26 април, во 10 часот на плоштадот „Свети Петар“, по што ќе биде погребан во базиликата Света Марија Голема во Рим.

Очекувањата се дека на испраќањето ќе присуствуваат стотици илјади верници, како и голем број светски лидери, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран