Македонија
Поголемиот дел од Македонија под дожд, превоите и скијачките терени под снег

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Дебар, дури 53 литри, додека снежната покривка до 7 часот утринава изнесуваше 47 сантиметри на Попова Шапка, 27 сантиметри во Маврово, 7 сантиметри во Крушево.
Исто така до 7 часот најниска температура од градовите е измерена во Крушево, и тоа -1 степен, а највисока во исто време е измерена во Гевгелија, и тоа 7 степени.
На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места во Македонија до 7 часот утринава, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку до крајот на денот, особено во западните предели ќе има врнежи од дожд на ниските, а на повисоките места и на планините ќе врне снег, со што поради дополнителното заладување, снежната граница ќе се спушти до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што привејување на снег е можно и во повисоките населени места.
Попладне ќе засилува ветер од северен правец, информира Славчо Попоски
Македонија
Посебен сообраќаен режим за експресниот пат А3 Штип – Кочани од клучка Крупиште до клучка Кочани

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 21.05.2025 (среда), во периодот од 09 до 12 часот заради изведување на технички активности ќе биде пренасочен сообраќајот на експресниот пат А3 Штип – Кочани од клучка Крупиште до клучка Кочани.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе го пренасочува сообраќајот во тој период на стариот пат Штип – Кочани.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за изменетиот режим режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Од вечерва бензин 95 и дизел поскапуваат, ова е новата цена за литар

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 16.05.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.05.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 77,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.05.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 4,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.05.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит
Извор: Регулаторна комисија за енергетика
Македонија
Во автобус со турски државјани во Охрид починал турист кој бил дел од групата

На 18.05.2025 во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон туристичкиот комплекс „Св.Наум“, починал турскиот државјанин И.Х. (64).
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото изврши екипа од СВР Охрид.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на погребално претпријатие, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (19 мај)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за вторник (20 мај)
-
Македонија1 ден
Во автобус со турски државјани во Охрид починал турист кој бил дел од групата
-
Македонија1 ден
МВР: Со „БМВ“ возел 111 км/ч на место каде е дозволено 50 км/ч
-
Македонија1 ден
Од вечерва бензин 95 и дизел поскапуваат, ова е новата цена за литар
-
Здравје и убавина2 дена
Положбата на спиењето кај луѓето е многу важна за здравјето и метаболизмот
-
Скопје1 ден
Универзитетската клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување на уринарен сфинктер
-
Lifestyle1 ден
Дали рчите во сон? Причина може да биде оваа секојдневна навика