Заврши „љубовта” меѓу Трамп и Маск


По само шест месеци, се разделија со тешки навреди Доналд Трамп и Илон Маск.
Во телефонско интервју, ABC News го праша Трамп за информациите дека имал закажан состанок со Маск.
,,Тој сака да разговара со мене, но јас не сакам да разговарам со него.Мислите на човек кој се изгубил од разумот“, праша Трамп.
Трамп претходно го критикуваше Маск, а двајцата разменија серија навреди на своите социјални платформи – Truth Social и на X.
Маск, ја напушти функцијата шеф на Одделот за владина ефикасност минатата недела, и остро го критикуваше Законот за даноци на Трамп.
,,Илон ми стана здодевен, го замолив да си замине, го укинав неговиот мандат за електрични возила што никој не го сакаше”, врати Доналд Трамп.
Маск вложи 250 милиони долари во претседателската кампања на Трамп и стана еден од неговите најблиски советници.
