Лице од скопската населба Ќерамидница, пријавило исчезнување на неговите три внуки вчера околу 15:15 часот.
Случајот го пријавил во полициската станица во Гази Баба, по што е почната потрага по девојчињата.
„На 17.04.2025 во 15.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.А.(75) Скопје пријавил дека од семејниот дом од населба Ќерамидница се оддалечиче неговите три внуки – К.М.(15), В.М. и И.М.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, велат од МВР.