Германија
Ништо од Барселона и Реал: Та го избра клубот во кој ќе ја продолжи кариерата

Германскиот репрезентативец, Џонатан Та одлучи да си замине од Баер Леверкузен по крајот на оваа сезона или поточно по една деценија мината на „Бај Арена“.
Тој одлучи актуелниот договор кој му истекува наредниот месец да биде последен со клубот и како слободен играч да ја избере новата средина во кариерата. Со оглед на ваквиот статус, квалитет, знаење и искуство тој беше интересен за повеќе тимови, а во еден период најмногу се споменуваше Барселона.
Со оглед на тоа што Чаби Алонсо го презема Реал Мадрид, ова пак беше доволно во изминатиов период Та да го доведуваат и до преселба на „Бернабеу“, меѓутоа опцијата Шпанија нема да се реализира затоа што тој ќе остане во Германија.
Џонатан одлучил да му каже „ДА“ на актуелниот првак Баерн Минхен, ситуација за која се информирани „фармацевтите“ кои сега очекуваат потег од баварците за да можат да го ослободат стоперот за да настапи на престојното Светско клупско првенство.
-
Англија23 часа
Тензичен старт на подготовките: Аморим избегнува контакт со петте прецртани играчи од првиот тим
-
Италија23 часа
Наполи се залета: Возбудливото крило од Холандија пристигна на потпис (Видео)
-
Лига Европа22 часа
Ждрепката не ги посака: Алкалоид доби најтежок можен противник во Европската лига
-
Италија24 часа
Болоња потврди дека клучен стартер побарал дозвола да направи трансфер во Наполи
-
АТП21 час
Бекер: Синер има само еден ривал, а тоа не е Алкарас
-
Шпанија15 часа
Матеус: Тер Штеген мора да ја напушти Барселона ако сака да игра на СП
-
Шпанија21 час
Играч на Реал си ја отвори вратата за заминување: Подготвен сум на се
-
Шпанија22 часа
Мастантуоно откри дека останал изненаден од еден нов соиграч во Реал: Ми се јави и ми посака добредојде