Објавено на:

Пеколна ждрепка за Ѓоковиќ во Индијан Велс!

t

Утре официјално почнува првиот Мастерс во сезоната, Индијан Велс, а ноќеска беше извршена ждрепката за овој турнир.

На него ќе настапи и Новак Ѓоковиќ кој доби исклучително тешка ждрепка што можеби и беше очекувано ако се знае дека на турнирот влезе како седмопласиран на АТП листата. На стартот, односно во второто коло бидејќи во првото е слободен, српскиот ас за противник најверојатно ќе го има Ник Кирјос. Понатаму следува вистинска голгота за Ѓоковиќ, ако нема изненадувања.

Во третото коло би можел да се сретне со Серундоло, па со Де Минор кој од лани игра во одлична форма, а во четвртфиналето претстои шлагерот на турнирот, против Алкараз. Во полуфиналето можни противници се Рубљов, Фриц и Шелтон, додека на другата страна од ждрепката се Зверев, Руд, Циципас и Медведев.

Ѓоковиќ е петкратен освојувач на турнирот во Индијан Велс, а лани беше елиминиран во третото коло од Лука Нарди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…