Англија
Матета со лоб магија на „Емирејтс“ го приближи Ливерпул до титулата (Видео)

Навивачите и играчите на Ливерпул можеа да почнат со шампионското славје уште оваа вечер, но за такво сценарио беше потребно Арсенал да загуби од Кристал Палас, нешто што сепак не се случи вечерва на „Емирејтс“.
Актуелниот лидер во Премиер лигата ќе почека уште неколку дена до официјална прослава на титулата во домашното првенство, но играчите на Кристал Палас се погрижија „црвените“ да бидат уште поблиску до такво нешто, бидејќи останаа непоразени на „Емирејтс“.
Арсенал на двапати водеше со 1:0 и 2:1, но на крајот беше зрел да прими и трет гол откако фудбалска мајсторија изведе Матета.
Напаѓачот на Кристал Палас режираше лоб магија за 2:2, а во судиското продолжение, гостите беа поблиску до трет гол и победа, отколку фаворитот на овој натпревар.
Пред мајсторијата на Матета, Арсенал двапати водеше со головите на Кивиор и Тросар, додека првиот гол за гостите го постигна Езе исто така на атрактивен начин по изведен корнер.
-
Шпанија14 часа
Довчерашен играч на Реал: Родриго е подобар од Мбапе и Винисиус!
-
Евролига22 часа
Партизан се засили со довчерашен играч на Лејкерс
-
Англија23 часа
Тотенхем подготвен да се раздели со Сон, Кореецот има и конкретна опција
-
Конференциска лига24 часа
Тренерот на Лозана: Останав непријатно изненаден, но не од играчите на Вардар
-
Англија13 часа
Сити плати 27 милиони фунти и си обезбеди голман за нареднава деценија (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Лапорта за контроверзната роденденска забава на Јамал: Штета што не присуствував
-
Шпанија23 часа
Барселона ќе му парира на Реал Мадрид во битката за премиерлигашки фудбалер
-
Англија20 часа
Рајс за едно засилување на Арсенал: Тој ќе биде шок за многу луѓе