Спорт
Та потпиша четири годишен договор со Баерн

Поранешниот играч и капитен на Баер Леверкузен, Џонатан Та, потпиша за Баерн Минхен.
Германскиот дефанзивец, дојде во Баерн како слободен играч, со Баварците потпиша договор до 2029 година. Тој ќе го носи дресот со број четири.
„Во Џонатан Тау, добивме играч со меѓународно искуство и квалитет, на кого нема да му треба долго време да се етаблира во нашата одбрана. Тој ќе биде добро и важно засилување за нас со своите технички квалитети, како и со своите манири и лидерски способности“, изјави спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.
Та (29) играше за Баер Леверкузен од 2015 година, настапи на вкупно 402 натпревари. Неговиот договор со Баер истече по завршувањето на сезоната 2024/25.
Како играч на Баер, тој беше избран три пати во идеалниот тим на Лига Европа, додека двапати беше член и на најдобриот тим на Бундеслигата.
Одигра вкупно 35 натпревари за германската репрезентација, за која дебитираше во 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пеликанс го испратија Меколум во Вашингтон

Њу Орлеанс Пеликанс го испратија својот најдобар играч Си Џеј Меколум во Вашингтон Визардс, објавија американските медиуми.
Заедно со Меколум, Пеликанс го испратија и искусниот канадски центар Кели Олињук во во Визардс, како и избор од втората рунда на идниот драфт, а за возврат ќе ги добијат Џордан Пул, Садик Беј и 40-от избор на претстојниот драфт.
Трејдот со Меколум е само продолжение на процесот на обнова на Пеликанс, кои во текот на претходната сезона го испратија својот најсилен адут, Брендон Инграм, во Торонто.
Меколум, по девет сезони поминати во Портланд, каде што беше најсилниот офанзивен адут покрај Демиен Лилард, се пресели во Њу Орлеанс во 2022 година.
Во три сезони со Пеликанс, тој имаше просек од 21,1 поен, пет асистенции и 4,2 скока.
Спорт
Уапсен тинејџер – Упатил смртни закани до Мората и неговото семејство

Шпанската полиција го лоцира и уапси навивач кој им се закануваше со смрт на шпанскиот репрезентативец Алваро Мората и неговото семејство откако промаши пенал во финалето на Лигата на нации.
Станува збор за 19-годишник од Малага.
Како што беше утврдено, тој испраќал закани од својот профил на социјалните мрежи до Мората и членови на неговото семејство, дури и до децата, веднаш по финалето во кое Шпанија, по изведување на пенали, беше поразена од Португалија.
Пораките ја вознемирија јавноста, брзо стигнаа осуди против навивачот, кој два дена подоцна, за да се ослободи од одговорност, отиде во полиција и пријави дека некој му го „хакнал“ профилот и дека тој не е оној што му ги испратил заканувачките пораки на Мората.
Сепак, полицијата брзо утврди дека профилот не е хакиран и дека лицето кое ја пријавило „кражбата“ на неговиот профил на популарната социјална мрежа стои зад сè.
Во меѓувреме, полицијата пресретна дел од разговорите на споменатиот млад човек со мобилен телефон и по анализа утврди дека тој дефинитивно стои зад заканите кон Мората.
„Овој вид однесување стана нормален во одредени области, како што е спортот, поттикнат од анонимноста што ја обезбедуваат социјалните мрежи и брзината со која се шират“, соопшти полицијата.
Спорт
Вернер е новиот тренер на Лајпциг

Неодамнешниот тренер на Вердер, Оле Вернер, е новиот шеф на тренерскиот штаб на РБ Лајпциг. Вернер со „биковите“ кого потпиша двегодишен договор.
Лајпциг бараше нов тренер откако го отпушти Марко Росе на крајот на март.
Золт Лев, кој претходно беше задолжен за развој на млади фудбалери во клубот, го презеде раководењето со првиот тим до крајот на сезоната, но не успеа да избори место во европските купови. Лајпциг сезоната ја заврши на седмото место.
„Оле е млад, амбициозен и исклучително посветен шеф на стручниот штаб кој ќе го направи следниот чекор во својот развој со нас“, рече генералниот менаџер на Лајпциг, Марсел Шефер.
Лајпциг ќе биде третиот клуб на Вернер како главен тренер. Откако ја заврши својата фудбалска кариера на само 22 години, тој работеше во младинските и резервните тимови на Холштајн Кил, пред трајно да го преземе првиот тим во 2019 година.
Тој го задржа Кил во Цвајта во текот на сезоната 2019/20, а следната сезона ги доведе на работ на Бундеслигата, но беа поразени од Келн во плејофот.
Во ноември 2021 година, тој беше назначен за тренер на Вердер Бремен, кој во тоа време се мачеше во втората лига. Сепак, Вернер успеа веднаш да се врати во Бундеслигата, а потоа со „зелено-белите“ постигна пласман на 13-то, 9-то и 8-мо место во три последователни сезони во елитниот ранг, надминувајќи ги очекувањата секој пат.
Вернер се раздели со Вердер откако изрази желба да не го продолжи договорот што важеше до 2026 година, па клубот го отстрани од тренерската позиција.