Томи Јагуриновски го одигра можеби и најдобриот натпревар во дресот на Вардар кога беше најважно, предводејќи го својот тим до куп-трофејот во денешното финале против Е. Пелистер.
МАкедонскиот репрезентативец беше незапирлив, постигна шест гола, но имаше и асистенции, изнудени пенали и исклучувања, па Јагуриновски на крајот сосема заслужено беше избран и за МВП на овој завршен турнир од Купот на Македонија што викендов се одржуваше во Охрид.
Признанието за најдобар голман му припадна на Португалецот Еспиња, кој беше херој во полуфиналето со Алкалоид, но и во второто полувреме од денешното финале.
Како слаба утеха, наградата за најдобар стрелец на овој завршен турнир му припадна на капитенот на Е. Пелистер, Филип Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА