Во рамките на овој самит, Рама и албанската делегација, во која се и министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, министерот за одбрана Пиро Венгу, началникот на Генералштабот на вооружените сили Арбен Кинѓи, остварија средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Рама, преку објава на Фејсбук информираше дека тема на разговорите, меѓу другото, била и големата инвестиција во новото пристаниште Драч, каде што НАТО ќе биде ангажиран за изградбата на воениот терминал.
Исто така, објави дека на состанокот се разговарало и за подготовките за Самитот во Тирана во 2027 година.
„Беше задоволство да се сретнам со генералниот секретар на НАТО и мојот драг пријател, Марк Руте, со кого разговаравме за обврските на Самитот, Западниот Балкан, големата инвестиција во новото пристаниште Драч, каде што НАТО ќе биде ангажиран во изградбата на воениот терминал, како и за подготовките за Самитот во Тирана во 2027 година“, напиша Рама.
Како што и претходно беше најавено на самитот во Хаг треба да се потврди Албанија како домаќин на Самитот на НАТО во 2027 година.