• Latest

Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори

April 19, 2024

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори

April 19, 2024 08:11
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кампањата за парламентарните избори, која почна вчера, продолжува денеска со активности на партиите и коалициите за претставување на изборните програми и кандидатите за пратеници во шесте изборни единици во земјава. Во исто време, продолжуваат и активностите за кампањата за претседателските избори која ќе трае уште четири дена.

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја продолжува парламентарната кампања меѓу граѓаните на Струга и Охрид, а ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ во Кратово и Крива Паланка. Активности се најавени и на кандидатите за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова.

Караванот на Коалицијата „Европска иднина“  го предводи претседателот на СДСМ и лидер на Коалицијата за европска иднина, Димитар Ковачевски, заедно со носителите, коносителите и останатите кандидати за пратениците. За денеска Регионалниот изборен штаб на СДСМ за Шестата изборна единица најави брифинг со новинари на кој ќе присуствуваат сите 20 кандидати за пратеници.

Активности за претседателската кампања најавија и од штабот на кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски. Тој денеска ќе биде на средби со граѓани во Ѓорче Петров и во Велес, каде ќе има и обраќање пред граѓаните во салата на театарот Ј.Х.К. Џинот.

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска денеска ќе го посети Саемот на книга во „Борис Трајковски“. Ќе присуствува и на промоција на книгата „Книга за меморија – ученици и студенти Евреи од Град Скопје (1920 – 1943)“ во издание на Архив на Македонија.

Европскиот фронт, пак, денеска на заедничка прес-конференција ќе ја презентира Изборната програма ЕУ2030.

За денешниот ден прес-конференција најави Независната листа на кандидадти за пратеници Изборната единица 1 „ЗА МЛАДИТЕ“ заедно со Работничката партија.

Најавени се активности и на останатите учесници на  изборите со кандидатски листи Коалцијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра, партиите Македонска Ера Трета, Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија…

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ вчера ја стартуваше парламентарната кампања  со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, а имаше и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија. Решителна и поефикасна борба против корупцијата, реформи во судството, повисоки плати и пензии, поддршка за младите, стопанството,.. најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на стартот на кампањата за парламентарните избори. Во обраќање на настанот „Нема откажување од европската иднина“  во присуство на носителите на листи во шесте изборни единици упати пораки дека нема откажување од патот за членство на државата во ЕУ кое рече дека ќе се случи до 2030 година но со проевропска влада што ќе ја формира СДСМ. Ковачевски оцени дека програмата на СДСМ и Коалицијата е реална и остварлива и оти нема откажување од неа додека секој ред од неа не стане реалност.

Од митингот во Демир Капија пак беше порачано дека СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата, наспроти ВМРО – ДПМНЕ кои „немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност, ниту волја да го направат тоа“- Нашите идеи се прогресивни, со јасна визија за европска иднина на државата за што имаме голема поддршка од нашите пријатели од ЕУ. Гарантираме просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, рече претседателот на СДСМ на предизборниот митинг во Демир Капија.

Тој на митингот во Гевгелија истакна дека единствено СДСМ и Коалицијата за европска иднина се единствена опција со единствен јасен план за интеграција на државата во ЕУ. – Од друга страна нашите политички конкуренти, ВМРО – ДПМНЕ, ниту имаат план, ниту имаат визија, ниту имаат одлучност, ниту пак имаат волја нешто да направат во тој дел, истакна Ковачевски на митингот во Гевгелија, на кој беа претставени програмата и носителите на листата на пратеници во четвртата изборна единица.

Активности имаше и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски кој порача дека немаме нови години за губење, и оти треба што поскоро да станеме земја членка на ЕУ.

Pas 17 viteve me status të vendit kandidat për anëtarësim në BE, të gjithë ne, kjo udhëheqje politike, me mbështetjen tuaj i kemi hapur bisedimet, por jemi ballafaquar me dy bllokada, nga jas

– Ние немаме уште 20 години да чекаме, туку треба да ги направиме следните чекори, за повеќе да не биде изборно прашање „Дали сте за Европа?“.  Да сте за Европа значи да сте за подобар живот, порача денеска пред граѓаните на општина Чешиново-Облешево кандидатот за претседател Стево Пендаровски. „Добро е да се биде членка на ЕУ, кога си земја членка на ЕУ, добиваш огромни средства од европските фондови прво за земјоделство, а потоа и за инфраструктура. ЕУ дава сериозни пари за да се обезбеди рамномерен регионален развој за да не биде некој регион многу богат, а некој многу сиромашен и поради тоа важно ни е да станеме земја-членка на ЕУ“ порача Пендаровски. Но, додаде тој, опозицијата го блокира патот кон ЕУ, се противи на договорите, со изговор дека ќе направи нови договори, кои наводно ќе биле подобри. -По 17 години со статус на земја кандидат за членство во ЕУ, сите ние, ова политичко раководство, со ваша поддршка ги отворени преговорите, но се соочивме со две блокади, надворешната од соседна Бугарија, но и внатрешната блокада, којашто повеќе боли, од најголемата опозициска партија, рече на предизборниот митинг во Кочани, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, пак, традиционално ја почнаа кампањата со митинг во Охрид, каде се претстави и  кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Охрид на првиот ден од предизборната кампања за престојните парламентарни избори, порача дека партијата ќе води позитивна кампања, кампања на проекти, на надеж, и како што посочи, „кампања што ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите“. – После шест и пол години урнисување, криминал, понижувања, грабеж на институциите, грабеж на Македонија, сакаме да водиме кампања што на граѓаните ќе им ја врати надежта. Цениме дека надежта недостасува… Освен неколкумина од ДУИ и малкумина измеќари од раководството на СДСМ, сите останати граѓани имаат чувство дека се граѓани од втор ред. Тоа мора да престане, но после 8 мај ќе има и одговорност за се она што се случувало изминатите шест и пол години…Мотивирани сме, желни да покажеме да го оставиме срцето на терен за интересот на граѓаните и на Македонија, рече Мицкоски.

Oд големиот собир во Охрид од каде партијата по традиција влегува во предизборните кампањи, тој синоќа повика на обединување на сите граѓани независно партиската, националната и верската припадност, на обединување во борбата за изградба на ново општество, општество изградено врз здрави темели, за заедничка иднина со подобро утре, за соживот, за отчетност, заеднички против сиромаштијата, за заеднички вредности, за реформи, работа, подобар живот…Мицкоски пред охриѓани истакна дека народот на овие избори доаѓа по своето, да си го врати она што му е одземено, доаѓа да си ја врати во свои раце Македонија и да ги отпочне големите промени на свеста, на начинот на живот, на вредностите со кои ќе покаже на сите дека може, дека знае, дека си ја сака државата…

Oбраќање пред охриѓани имаше кандидатката за претседател поддржана од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.

Таа даде свое видување на кратенката ВМРО, за која рече дека од револуционерна на овие избори ќе стане реформска, како вистински одговор на ова време, додека оваа година АСНОМ ќе се слави не како антифашистички туку како антикоруптивно антикриминално заседание на народното ослободување на Македонија од авторитарната власт.

-Наближуваат 24 април и 8 мај. Мислам дека дојде моментот на овие датуми ќе одлучите дали Македонија како „твоја“ и „горда“ навистина ќе биде проевропска бидејќи ако Македонија ако не е твоја ниту горда, не може да биде ниту европска држава. ЕУ е единство на различностите, а ние со културата, ние со образованието, ние со традицијата на почит кон оние кои ги дадоа животите за првиот, вториот и третиот Илинден,  можѓеме и мораме да зачекориме во четвритиот Илинден на Македонија правна, демократска, стандардна европска држава, рече таа.

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска ја претстави својата програма пред граѓаните на Велес. Пред присутните во салата на велешкиот театарот се обратија и претседателот на Левица и носител на листата во ИЕ1 Димитар Апасиев, како и носителот на листата во ИЕ3, Борислав Крмов, кои токму од Велес ја почнаа својата промоција и кампања за пратеници во Собранието.

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска вечерва ја претстави својата програма пред граѓаните на Велес. Пред присутните во салата на велешкиот театарот се обратија и претседател

– Доаѓам од Спомен куќата на Кочо Рацин, а овде туку што ги слушав и неговите стихови. Пред самиот почеток на овој митинг додека разговаравме со Димитар Апасиев тој рече „Нема револуција без поезија“. И вистина е така, а Велес е вистински пример за тоа, рече Ванковска.

Според неа, од денес битката добива нов квалитет.

-Посакувам да го изодиме овој пат борбено, чесно и доследно.Она што нас не’ разликува од оние што трчаат на кратки патеки е тоа што ние трчаме маратон. Нас не’ не задоволува фотелја и позиција. Ние имаме кауза, истакна Ванковска.

Пред присутните се обрати и Апасиев, според кого, нема револуција без поезија. Потенцира дека кампањата за парламентарните избори не случајно ја почнуваат од неговиот роден град, „Црвениот Велес, градот на Ганчо Хаџи Панзов и многу други борци меѓу кои и Коста Солев Рацин“. – Ова е буквално последниот историски воз да се престроиме геополитички со цел да си ја зачуваме државата, порача Апасиев.

 

LSDM-ja dhe VMRO-DPMNE-ja udhëheqin një politikë të dobët, pra kokat e tyre janë të ngulura në rërë dhe nuk u përgjigjen kërcënimeve dhe shantazheve nga Osmani dhe Taravari. Unë i pyes publik

Претседателскиот кандидат на ГРОМ, Стевчо Јакимовски вчера од Струмица порача дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ водат ноевска политика, односно дека главата им е ставена во песок и на заканите и уцените од Османи и Таравари никако не одговараат. – Јас јавно ги прашувам дали ќе се одважат еднаш на овие уцени да одговорите со ваш одговор, а одговорот е дека ако има уцени за состав на Влада, ние ќе направиме широка коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и сите останати што сакаат да влезат во Влада. Па, кој сака бујрум, кој не сака нека седи надвор, изјави тој во Струмица коментирајќи ги изјавите на дел од албанските партии за избор на претседател во Собранието и учество во Влада која ќе ги донесе уставните измени. Според Јакимовски, ова го очекува македонскиот народ и до кога, како што рече, мислат да го понижуваат токму партиите кои се претставници на македонскиот народ. Во Струмица изјава даде и Ружица Николова, носител на пратеничката листа во изборната единица четири на Коалицијата „Храбро за Македонија“. Таа потенцираше дека главни програмски заложби се да запре иселувањето и да се отвораат нови работни места.

Кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски и носителите на листа од изборните единици ја презентираа програмата „Проглас за достоинствена Македонија вечерва на митинг на

Кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски и носителите на листа од изборните единици вчера  ја презентираа програмата „Проглас за достоинствена Македонија“ на митинг на градскиот плоштад во Куманово. Носителите на листи од изборните единици посочија дека најголем проблем за државата е корупцијата и ветија нејзино искоренување. Кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски повика енергијата од Куманово да се пренесе насекаде во државата, граѓаните да испратат порака дека Македонија повторно се буди од Куманово.

Пред пет години работев за избори за претседател и помогнав на еден човек да стане претседател на државата и тој човек дојде во наше Куманово и рече дека кога вашиот градоначалник ќе испадне, го чекаме да се приклучи. Ќе му одговарам на кумановски, „никад па ни тг“, рече Димитриевски.

Тој им порача на сите дека залудно пребројуваат, бидејќи ова е Куманово „Македонија во мало“ и нагласи дека повторно гордо ќе се вее македонското знаме. Димитриевски кажа дека корупцијата навлегла во сите сфери од општеството, здравството, правдата, дека токму заради неправдата си заминуваат младите, бидејќи никој од политичарите не застанал зад граѓаните. На митингот во Куманово вети правда, отворање на секој предмет, а ќе пресудуваат искусни и вредни луѓе за сите кои „се огрешиле од законот“.

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција вчера во Скопје одржа симулациска конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се случувало ако победат на парламентарните избори. На оваа симулациска седница, едногласно со 120 гласа беа изгласани уставните измени согласно Договорот за добрососедски односи и уставните измени со кои претседателот на државата би се избрал во Собранието со двотретинско и Бадентерово мнозинство. На оваа седница беше инаугуриран Бујар Османи за шеф на државата. Најпрвин беа верификацирани мандатите на пратениците и Зијадин Села беше избран за претседател на Собранието. Како трета точка на дневниот ред од оваа симулациска седница беа предложени и усвоени уставните амандмани со кои бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египетскиот народ ќе станат дел од Уставот на Република Северна Македонија.

Кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт Бујар Османи пред кумановци синоќа порача дека за неколку дена граѓаните ќе одлучат дали сме за интеграција или за изолација – Меѓу вас гледам толку многу лица кои се подготвени да отворат ново поглавје од славната историја на нашите граѓани во нашата заедничка земја, рече Османи.

Koalicioni opozitar shqiptar

Албанската опозициска коалиција „Вреди“ вчера во Скопје ги претстави носителите во сите шест изборни единици. Претседателскиот кандидат на „Вреди“, Арбен Таравари на прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа, бидејќи на сите избори, како што рече, мнозинството гласови ги имала опозицијата.

– Претседателските избори се одржуваат во среда на 24 април, бројот 6 е број на промената која вреди. Каде и да одиме во кампањата, а сме отишле низ цела држава, гледаме дека најголем проблем е сиромаштијата, поскапувањето, невработеноста или ниските плати. Условите за живот станаа потешки. Ова го предизвикува и другиот многу голем проблем што го имаме – емиграцијата на младите. Младите заминуваат токму затоа што платите се мали и тешко се наоѓа добра работа. Економијата и иселувањето бараат одговори, а Албанците промени, рече Таравари, кој најави дека на почетокот на следната недела ќе ја објават програмата за парламентарните избори. Од митингот во Струга Таравари вети борба против миграцијата со зголемување на минималната плата до 800 евра.

– Иселувањето кај нас е над секоја норма, бројките се алармантни. Не можеме да останеме рамнодушни на оваа ситуација. Како идна влада на ВЛЕН ќе донесеме одлука за покачување на платите. Ќе се заложиме минималната плата до крајот на нашиот прв владејачки мандат да биде 800 евра, рече Таравари.

Кампањата за парламентарните избори завршува на 6 мај. Активности за оваа кампања ќе има и на 23 април, денот на изборен молк за претседателските избори, за кои првиот круг ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај  кога ќе се гласа за пратеници.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ