• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина

Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина

Париз, 23 април 2025 (МИА) - Секој мировен договор меѓу Русија и Украина мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина, соопшти денеска Елисејската палата.

„Територијалниот интегритет на Украина и нејзините европски стремежи се цврсти барања на Европејците“, изјавија од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, како реакција на изјавата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс дека „двете страни ќе мора да се откажат од дел од териториите кои моментално ги контролираат“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан