• Горан Упале
Хрватскиот фудбалски сојуз ги објави победниците на тринаесеттиот „Трофеј на фудбалерите“. Гласаа вкупно 248 фудбалери од сите десет клуба во ХНЛ, како и 49 тренери и членови на стручниот штаб од десетте клуба во хрватската елита. Оваа сезона за првпат, 240 фудбалери од Првата лига и 41 тренер и член на стручниот штаб исто така учествуваа во изборот на најдобар хрватски играч.
Наградата за најдобар играч во хрватскиот шампионат му припадна на Марко Ливаја, наградата за најдобар млад играч ќе му биде врачена на Адријано Јагушиќ, додека за најдобар тренер беше избран Гонзало Гарсија од Истра.
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски, кој беше еден од номинираните петмина, не се најде меѓу најдобрите тројца фудбалери, но е дел од дрим-тимот на сезоната.
- Најдобрите играчи во сезоната 2024/2025
Марко Маленица (Осијек)
Стјепан Радељиќ (Ријека)
Дарио Марешиќ (Истра 1961)
Роко Јуришиќ (Осијек)
Морис Валинчиќ (Истра 1961)
Тони Фрук (Ријека)
Јосип Мишиќ (Динамо Загреб)
Мартин Батурина (Динамо Загреб)
Марко Ливаја (Хајдук)
Димитар Митровски (Вараждин)
Марко Пјаца (Динамо Загреб)
На едно коло до крајот на сезоната Димитар Митровски со осум гола е најдобар стрелец во Вараждин, а има и една асистенција.