• Горан Упале

Само што заврши триесеттото коло, веќе во вторник започнува 31. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Новата рунда во мак-елитата ќе ја отворат екипите на Вардар и Струга Трим Лум. Шампионот, кој веќе од поодамна остана без шанси за одбрана на титулата, ќе гостува кај тимот кој што игра во најдобра форма оваа пролет.
Вардарци се без пораз три месеци, а во овој дуел ќе влезат како благи фаворити, со оглед на домашниот терен и поддршката од трибините. Овој натпревар ќе се одигра на теренор при „Куќата на фудбалот“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Останатите натпревари од ова коло ќе се одиграат в среда. По распоред треба да се четири, но со оглед на повлекувањето на Гостивар, натпреварот со Силекс во Кратово нема да се одигра. Гостиварчани доколку не се појават на теренот во Кратово и официјално ќе бидат исфрлени од лигата и ќе бидат преместени во најнизок ранг.
На останатите средби Брера на свој терен ќе го пречека Шкупи, Шкендија го игра дербито со Работнички, а Тиквеш ќе се судри со Беса. Сите натпревари се играат од 17:00 часот.