Радио Милева Матура или Галичка свадба?

Секој ден не е Велигден, ама па ни 25 Мај не е Илинден: Едно матурско видео му заличи на „патриотско родео“, па му ги измешаа празниците на Сергеј Варошлија и го фрли во тотална конфузија!

Секој ден не е Велигден, ама па ни 25 Мај не е Илинден: Едно матурско видео му заличи на „патриотско родео“, па му ги измешаа празниците на Сергеј Варошлија и го фрли во тотална конфузија!

Македонскиот моден гуру Сергеј Варошлија  викендов се разбудил тотално збунет и дезоријентиран. Денот до душа го погодил – недела, ама датумот тотално го утнал. За комплетната конфузија во која се најде Варошлија, вината ја најде во една матурска прослава!

Секоја година за секого не матурска, како што ни секој ден не е Велигден, ама па ни 25 Мај не е Илинден! А токму 25 Мај   му се присторил дека е  2-ри Август на Варопшлија, кој ги измешал празниците, па некогашниот Ден на младоста го заменил со сегашниот Ден на Републиката,  ама намерно, а има и зашто!

Имено, едно матурско видео кое кружеше деновиве по социјалните мрежи, му заличи на „патриотско родео“, па му ги измешаа празниците на Сергеј Варошлија, фрлајќи го во тотална конфузија: Дали тоа „матурантското моме качено на коња“ е патриотка или каубојка?  Сирма Војвода или Ани – Четри пиштоља, што би рекол модниот гуру?

 

Она што најмногу го иритира окото на модниот гуру, тој никогаш не се штеди да го каже и да укаже. Па така, колку и да „боли“ вистината, Варошлија без задршка и овој пат рафално ги „испука“ сите свои забалешки за да не му „пукне душата“, па засегнатите, та сакале прифатиле, сакале не – нивна работа.

Нему вакавата матурска кореографија повеќе му личела на Галичка свадба… Или на полукаубојски филм со комитска содржина, оти ваквата комбинација на матурски вестерн аутфит на славеничката и народната носија на придружбата, според него, никако не одела!

Арно ама, и над гуруто се најде гуру, па го праша, дали го гледал „Прашина“ на Милчо Манчевски, кај што во ист филм се спакувани  каубојци, Турци и комити? Епа ова исто да ти било, ѓоамити?!

Фото и видео: Инстаграм/varoshlijasergej

To top