Фудбал
Мурињо во свој стил по елиминацијата од Лигата на шампионите: Па што, и така немаше да играме финале!

Шок владее во азискиот дел на Истанбул по елиминацијата на Фенербахче во борбата за Лигата на шампионите. Со играч повеќе, Лил постигна гол на четири минути пред крајот на продолженијата и го остави тимот на Жозе Мурињо без ЛШ оваа сезона.
Фенер сега ќе се спушти во групната фаза од Лига Европа, но Мурињо не е ентузијаст за новиот формат.
– Не знам зошто Лигата на Европа и Лигата на шампионите се во тој формат, но мора да се прилагодиме. Нема да бидат шест, туку осум натпревари, ќе играме во среда секоја недела, се надевам дека истото ќе се случи и со нашите ривали. Нема да биде лесно, можеме да ротираме играчи. Лигата на шампионите е добра за нив, а ние не би имале шанса да поминеме од групите во Лига Европа доколку не се посветиме целосно на натпреварувањето – изјави Мурињо.
Португалскиот стручњак не крие дека турскиот клуб загуби многу финансиски со неиграњето во елитата, но гледа други придобивки.
– Во Лигата на шампионите никогаш не можевме да стигнеме до финалето, можеби можевме да победиме една или две добри екипи. Повеќе сакам да имам добра Лига Европа. Па, погледнете го финалето помеѓу Рома и Севиља минатата година.
Тој призна дека повеќе би сакал да раководи со тимот во Лигата на шампионите и покрај се што кажа. Конечно, тој имаше порака до новинарите.
– Обично кога новинарите не разбираат многу од фудбалот, не знам дали е така, се фокусираат на податоци и статистики кои понекогаш не ја отсликуваат ситуацијата. Двапати ја погодивме стативата, имавме неверојатни шанси. Бевме зрели за победа, но таа не дојде – заврши Мурињо во свој стил.