• Горан Упале
Ракометната селекција на Македонија до 21 година забележа уште една победа во Президент Купот во рамки од Светското младинско првенство во Полска.
Во натпреварот со Бразил нашите надежи славеа дури по изведувањето на пеналите, а таму одново блесна Иван Галевски. Младиот голман на Алкалоид уште еднаш покажа дека се работи за пенал-мајстор и со два одбранети седмерци ја одведе Македонија во битка за 25. Место на планетарниот собир.
- Одбранетите пенали на Галевски против Бразил:
Во мечот за дваесет и петтото место на шампионатот, ривал на Македонија ќе биде САД или Бахреин.
