Фудбал
Враќање на најдобриот: Меси се опорави од повредата на зглобот

Аргентинскиот фудбалер се повреди во финалето на Копа Америка на 14 јули, во кое неговата земја ја победи Колумбија со 1:0.
Фудбалерот на Интер Мајами, осумкратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси се опорави од повредата на зглобот по двомесечно отсуство, објави тренерот на американскиот клуб, Херардо Мартино.
Меси е подготвен“, изјави Мартино пред тренинг.
Интер во недела и гостува на Филаделфија, а Мартино не кажа дали Меси ќе го започне натпреварот како стартер, ќе влезе како замена или ќе има намалена минутажа поради опоравување на повредата.
Интер е на првото место во Источната конференција на МЛС лигата со 59 освоени бодови, додека Меси на 12 одиграни натпревари оваа сезона забележа 12 гола и 14 асистенции.
За Интер Мајами настапуваат и поранешните соиграчи на Меси во Барселона, Серхио Бускетс, Луис Суарез и Жорди Алба.