Македонија

Магистралниот пат Охрид-Св.Наум од денес е пуштен во употреба

„Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри“, велат од Владата и додаваат:

Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец изнесуваше 11,7 милиони евра.

Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по нов патен правец.

Овие капитални проекти го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија.

Владата работи и создава дела за просперитет на Македонија.

Како Влада ветивме дека ќе ја трансформираме Македонија напред. Тоа и го правиме.

Државата е на патот на промените.

На почеток