(Видео) Во овој договор не станува збор за прифаќање мигранти, туку соработка за справување со криминални групи, вели британскиот амбасадор

Од
Објавено на

Британскиот амбасадор Метју Лосон објасни дали Македонија се обврзала да прифаќа мигранти со стратешкиот договор склучен со Обединетото кралство. Тој рече: „Сосема е друга приказна тоа што се зборува дека ќе се прифаќаат мигранти, не се работи за тоа“.
„Сакам да бидам јасен во тој дел, она на што се договоривме дека ова е широко партнерство во делот на безбедноста, трговијата, одбраната, образованието, инвестиции. Знам дека има многу шпекулации, да во право сте што ме прашувате, но не се работи за тоа во овој договор. Се работи за соработка меѓу полициите, за справување со криминалните банди и групи“, рече Лосон.
