Верниците од исламска вероисповест денеска го празнуваат Курбан Бајрам.
На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва -курбан која има симболика на приближување кон Бога. Како жртва најчесто се принесуваат овни или телиња.
Курбан Бајрам трае 4 дена а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината , Фитр бајрам и го одбележува денот кога е комплетиран светиот Куран.