07.06.2025 07:22
Вести Македонија

Културните работници без плата за Велигден, синдикатот најавува протест

Над 3.000 вработени во културните институции останаа без мартовска плата за Велигден… И покрај тоа што платата требаше да се исплати најдоцна до 15 април, рокот е пробиен.

Синдикатот обвинува дека институциите не можеле навреме да ја подготват платата поради доцнење и нејасни насоки од Министерството за култура.

Министерот Љутков вели дека платата ќе биде исплатена веднаш по празниците и дека доцнењето се должи на несогласувања околу пресметката по последното зголемување.

Синдикатот најавува тужби и повторна активирање на протестите по Велигден.

Опозицијата жестоко реагира, обвинувајќи го министерот за целосен институционален и човечки неуспех.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе