Ливерпул ја зголеми понудата за Вирц на 140 милиони евра
- Фудбалерот од средниот ред на Баер, Флоријан Вирц, може да ја продолжи кариерата во Ливерпул, пишува „Мејл“.

Лондон, 9 јуни 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Баер, Флоријан Вирц, може да ја продолжи кариерата во Ливерпул, пишува „Мејл“.
Според британскиот весник, Ливерпул ја зголемил сумата за 22-годишниот Германец на 140 милиони евра, откако Леверкузен одбил да го пушти играчот за 134 милиони евра.
Во сезоната 2024/25, Вирц одигра 45 натпревари во сите натпреварувања, постигна 16 гола и направи 15 асистенции.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 140 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА