ВМФЛ: Осум поранешни прволигаши во битка за елитата

Откажувањето на Воска Спорт, Гостивар и Беса од Првата лига донесе непредвидени проблеми при составувањето на Втората лига. Овие три гола од Првата се селат во Општинска лига, па тоа значи дека бараж натпреварите овој викенд беа непотребни и дури и поразените ќе играат во Втората лига за сезоната 2025/26.

Нема да има потреба од ждрепка и Големо Коњари, Преспа и Осогово ќе се натпреваруваат за второлигашки бодови. Така следната сезона во Втората лига ќе се натпреваруваат осум поранешни прволигаши, меѓу кои и еден поранешен шампион (Победа).

Второлигаши за сезоната 2025/26:
Брегалница Штип
Детонит Плачковица
Охрид
Саса
Беласица
Скопје
Кожув
Новаци
Победа
Вардар Неготино
Големо Коњари
Слога Виница
Тетекс
Преспа
Шкендија Арачиново
Осогово

Втората лига ја напуштаат Борец и Вардарски. Ноавта сезона во Втората лига почнува на почетокот на август годинава.