СДСМ следната недела ќе ги објави листите за советници и кандидатите за градоначалници
Следната недела опозициската СДСМ веќе ќе треба да излезе со листите за советници и градоначалници со кои ќе ги трча локалните избори.
Првиот опозиционер Филипче и денеска вели дека отворени се за соработка и со другите коалициони партнери и оние кои делат исти вредности. Одговарајќи на новинарски прашања дали во игра е соработка и со Таравари доколку тој го напушти парламентарното мнозинство иако не конкретизираше посочи дека јасно е дека работите во владината коалиција не функционираат.
И додека на Бихаќка ги пеглаат советничките листи и прават преелиминации на имињата за градоначалници актуелниот градоначалник на Центар Герасимовски посочи дека не ја исклучува можноста за повторно кандидрање и дека веќе имал разговори за тоа но официјални информации најави за десетина дена.
И додека партиите и коалициите се спремаат за локалните избори а се повеќе се говори и за тоа дали со нив ќе има предвремени парламентарни од Бихаќка велат дека се спремни и на таков чекор но дека тоа не е одлука која тие ја носат туку за тоа разговараат и останатите политички чинители .