Нели ќе беше Македонија повторно горда, каде се проектите? – прашува вечерва во гостување во „Аргумент плус“ на ТВ 24 градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
– Првиот лот беше за 2024 година. Колку е реализирано? Јас видов дека има податоци дека околу 2,25% се реализирани. Јас не сум го измислил наративот дека 100 милиони ќе има за општините, тоа го кажал премиерот. Кога ќе се реализираат финансиите? Во 2025 вили во 2026, 2027 година? Јас капитални проекти немам видено, сервисни улици, еве нека демантираат граѓаните, вели Костадинов.
Детските градински се во надлежност на социјална политика, демографија и млади, градењето на регионални патишта е обврска на ЈПДП, градењето на болници е обврска на Министерството за здравство. Јас не велам дека не треба да се гради, меѓутоа нека гради кој е надлежен, истакна Костадинов кој повтори дека општините имаат реализирано 2,25%.
– Во Струмица се изгради најголемата градинка, за проблемите во градинките, интересно е што нашата министерка за финансии кажува колку е буџетот ликвиден, економијата цвета. Мислам дека не постои подемантиран министер од неа. Таа пред една недела кажа дека растот на БДП ќе биде 3,25%, за денеска да излезе Светска банка и вели со овој раст ќе ви требаат 60 години за да го достигнете нивото на ЕУ под претпоставка да ЕУ не мрдне ни чекор напред, објасни Костадинов кој додаде дека Министерство за финансии не дава согласности за вработување на персонал.
– Нема согласности за вработување на лица за да се заменат починати, пензионирани вработени и слично. Зошто не ни даваат согласности? – прашува Костадинов.