Свет австрија

Пет лица се убиени во пукотница во средно училиште во Грац

Пет лица се убиени во пукотница во средно училиште во Грац

Пет лица се убиени во пукотница во училиште во Грац, објави „Кронен цајтунг“.

Полициската специјална група „Кобра“ веќе е алармирана и моментално е на пат кон местото на пукотницата. Според „Кронен“, наводниот сторител е исто така застрелан.

– Полициска операција е во тек на улица во Грац – објави полицијата на платформата X.

Повикувајќи се на полицијата, државната медиумска служба ОРФ објави дека неколку лица се тешко повредени, вклучувајќи ученици и наставници, и дека се верува дека нападот го извршил ученик кој подоцна извршил самоубиство.

ОРФ додава дека евакуацијата на училиштето е во тек.

Полицијата претходно потврди дека е во тек операција на улицата каде што се наоѓа средното училиште, но не даде дополнителни коментари за инцидентот.

To top