ВИДЕО: Ади Алиќ роденденски – Брз гол за водство на Силекс со Беса

Ади Алиќ на најдобар можен начин го одбележува својот 23-ти роденден денеска на првенствениот натпревар на Силекс на гостувањето против Беса во Гостивар.

Интернационалецот од БиХ, прв го отвори денешното 22. коло од ПМФЛ носејќи водство за својата екипа уште во 3. минута од средбата.

Преку убав напад на кратовци, Алиќ рутински реализираше од непосредна близина продолжува ја својата извонредна гол-форма на стартот од пролетниот дел од сезоната.

Се вчитува...