• Зоран Мишевски
Ракометарите на Еурофарм Пелистер трета шанса за бод(ови) во новата сезона од Лигата на шампионите ќе имаат на гости кај Динамо Букурешт. Младиот Павле Атанасијевиќ потенцира дека тимот е спремен за овој тежок предизвик и најави дека ќе се обидат конечно да ги израдуваат своите фанови со позитивен резултат на ова гостување.
„Ни следат два тешки натпревари. Се спремаме за Динамо Букурешт, напорно работиме и верувам дека ќе одиграме во рамките на нашите можности. Имаат многу интернационалци, играат модерен ракомет и ќе биде тешко да се игра против нив. Сепак, максимално и до секој детаљ се подготвуваме. Нашите навивачи насекаде нè бодрат, па така ќе биде и во Букурешт. Ќе се обидеме да ги израдуваме“, рече Атанасијевиќ.
Младиот македонски репрезентативец оваа сезона добива сè поголема минутажа во тимот на Пелистер и истата одлично ја користи. Сигурно така ќе биде и в четврток на натпреварот кој што започнува од 18:45 часот.