• Зоран Мишевски
Освојувањето на Конференциската лига е историски момент за лондонски Челзи. Победникот на најмладото натпреварување на УЕФА влезе во историјата на евро-куповите како прва екипа која ги освои сите европски клупски натпреварувања. „Сините“ сега во своите витрини ги имаат: Лигата на шампионите, Купот на УЕФА, Лига Европа, Купот на победниците на куповите, Суперкупот на УЕФА и Конференциската лига.
Челзи веќе двапати е европски шампиони (2012, 2021), имаат ист број титули и во Лига Европа (2013, 2019), како и два трофеи од Купот на победници на куповите (1971, 1998), плус двоен триумф во Суперкупот на Европа (1998, 2021). Единственото одличје што им недостасуваше е токму од Конференциската лига, кое го освоија вечерва.
Имајќи в предвид дека Челзи има многу поголеми амбиции на европска сцена, не е сигурно кога повторно би имал можност да настапи во ова натпреварување.