Баер Леверкузен ја најде замената за Алонсо

Актуелниот менаџер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е блиску до преземање на клупата на Реал Мадрид. Само прашање на формалности е кога Алонсо ќе го замени Анчелоти, кој, пак, би требало да седне на селекторската клупа на Бразил, иако доаѓаат информации дека договорот пропаѓа поради тоа што Реал не сака да го пушти, односно не сака да му плати отштета, па чека самиот Италијанец да си поднесе оставка.

Во меѓувреме Баер Леверкузен се подготвува за „ера без Алонсо“. Така на клупата на „фармацевтите“ треба да седне доскорашниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг.

Тен Хаг е без ангажман откако доби отказ од Олд Трафорд. Во меѓувреме се поврзуваше и со клупите на Борусија Дортмунд, Јувентус и Рома, но и натаму е слободен агент. Според информациите, тој дал зелено светло да го преземе кормилото на актуелниот германски првак.

Ако пропаднат преговорите со Тен Хаг, тогаш Леверкузен се очекува да се сврти кон доскорашниот тренер на Барселона, Чави.

Се вчитува...