Благодарност до битолските ракометари кои беа дел од македонската репрезентација на светското првенство


Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во саботата организираше прием на ракометарите од РК „ Еурофарм Пелистер“, кои беа дел од македонската машка ракометна репрезентација на Светското првенство во ракомет, кое се одржа од 14 јануари до 2 февруари во Хрватска, Данска и Норвешка. На средбата, градоначалникот Коњановски, им се заблагодари за добрата ракометна игра со која како репрезентативци ја претставуваа Македонија, со што и го потврдија спортскиот напредок на ракометна Битола.

Градоначалникот Коњановски, им додели плакети за особен придонес во ракометната репрезентација на Македонија на светското првенство во ракомет 2025 година на ракометарите: Филип Кузмановски, Петар Атанасијевиќ, Павле Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Ненад Костески и Никола Митревски, а изрази јавна благодарност и до битолските ракометари Иван Галевски и Валентин Карасманакис, кои се дел од екипата на РК „Алкалоид“.


„Битола има голем спортски потенцијал, но и значајни ракометни успеси. Ви благодарам, што бевте дел од една силна екипа, која со својата храброст и тактичност се избори за пласман на Светското првенство, деветто во нашата историја. Вие сте наша гордост, а Вашите достигнувања се резултат на долга и напорна работа“, рече градоначалникот Коњановски на денешната средба.

Ракометарите, пренесувајќи ги своите искуства од првенството, се заблагодарија за поддршката од градоначалникот и соработката со Општината.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) 8 ЧАСА МОЛЕЛА ЗА ПОМОШ, ПРЕД ОЧИ ГО ИЗГУБИЛА ВЕРЕНИКОТ, ЕДВАЈ СЕ СПАСИЛА: ЖЕНА СО НЕВЕРОЈАТНА УБАВИНА ПРЕЖИВЕАЛА ПЕКОЛ, А ПОТОА ЖИВОТОТ И ДАЛ ВТОРА ШАНСА

Познатата Петра Немцова на црвениот тепих на Канскиот фестивал Како Петра Немцова го „погодила“ дрес …