Психотерапевтот Ејми Морин вели дека прашањето што најчесто го слуша од родителите е: „Кои се клучните вештини на кои треба да ги учам моите деца?“
Има неколку, одговара таа, но она што најдобро ќе им помогне на децата е менталната сила.
„Менталната сила бара од вас да обрнете внимание на три работи – начинот на кој размислувате, чувствувате и дејствувате“, вели таа.
Морин вели дека од искуство научила оти ментално силните деца секогаш ги прават овие седум работи:
Се зајакнуваат себеси
Децата што се чувствуваат силни не зависат од другите луѓе за да се чувствуваат добро.
Се приспособуваат на промените
Ментално силните деца разбираат дека промената може да им помогне да прераснат во уште посилна личност, иако на почетокот можеби не изгледа така.
Тие знаат кога да кажат „не“
Децата често се плашат да кажат „не“ бидејќи тоа може да направи да се чувствуваат непријатно и чудно. Меѓутоа, ако најдат храброст да го прават тоа почесто, ќе откријат дека со текот на времето станува полесно. Исто така, го намалува стресот поради тоа што треба да се посветат на работи што не сакаат да ги прават.
Не ги кријат своите грешки
Децата често се во искушение да ги сокријат своите грешки бидејќи не сакаат да влезат во неволја. Препознавањето на сопствените грешки ви помага да изградите карактер. Децата што се доволно храбри да го практикуваат ова препознаваат кога направиле грешка и ментално се подготвуваат да признаат што направиле. Тие, исто така, се извинуваат и наоѓаат начини да не ја повторат истата грешка.

Ги слават туѓите успеси
Ментално силните деца ги поддржуваат своите врсници и се фокусирани да дадат сè од себе, без да се грижат за другите.
Не успеваат… Но, се обидуваат повторно
Неуспехот боли – детето може да биде посрамено, разочарано и фрустрирано. Но, најуспешните луѓе ги постигнале своите цели иако се соочиле со неуспеси. Децата кои подоцна во животот постапуваат добро, го фокусираат своето внимание на она што тргнало наопаку и учат како да го поправат. Размислуваат за раст и развој на начин кој им помага да ги претворат неуспесите во позитивни искуства од кои учат.
Истрајни се
Ментално силните деца кои се упорни ќе продолжат да работат напорно дури и кога нешто не им се допаѓа. Често на крајот успеваат и откриваат дека се посилни отколку што си мислеле на почетокот.